Во 2013 година Македонија бележи рекорден извоз на вино на странските пазари. Според последните податоци на Министерството за земјоделство вкупно извезената количина на вино во 2013 година изнесува 885.331 хектолитри во вредност од 50 милиони евра. Ова, споредено со просечните вредности на извоз во вино во периодот 2007-2012, лани е за 48% поголема според количина или за или за 24% во вредност кај вино. Во исто време за 4% е намалена количината на извезено наливно вино, а за 13% е зголемена неговата вредност. Или вкупно земено, за 3% е зголемена количината на вкупно извезено вино и во шишиња и наливно, а за 16% е зголемен девизниот прилив од извозот на истото. Тоа значи дека Македонија станува се попрепознатлива на странските пазари и за разлика од минатото кога извозот на вино се карактеризираше со големи количини наливно по многу пониска цена, а поскромни количини на флаширано брендирано македонско вино, сега тоа е сменето.
Во 2013 година Македонија бележи рекорден извоз на вино на странските пазари. Според последните податоци на Министерството за земјоделство вкупно извезената количина на вино во 2013 година изнесува 885.331 хектолитри во вредност од 50 милиони евра.
Ова, споредено со просечните вредности на извоз во вино во периодот 2007-2012, лани е за 48% поголема според количина или за или за 24% во вредност кај вино. Во исто време за 4% е намалена количината на извезено наливно вино, а за 13% е зголемена неговата вредност.
Или вкупно земено, за 3% е зголемена количината на вкупно извезено вино и во шишиња и наливно, а за 16% е зголемен девизниот прилив од извозот на истото.
Тоа значи дека Македонија станува се попрепознатлива на странските пазари и за разлика од минатото кога извозот на вино се карактеризираше со големи количини наливно по многу пониска цена, а поскромни количини на флаширано брендирано македонско вино, сега тоа е сменето.
Според податоците за извоз на вино на Министерството за земјоделство до кои дојде Вечер, на годишно ниво, заклучно со крајот на минатата година, се забележува значително зголемување на извозот на вино во шишиња во земјите-членки на ЕУ, и тоа за 45% повеќе по количина и за 67% според вредност. Истовремено просечната цена за извоз на вино во ЕУ е зголемена за 10 евра по хектолитар во споредба со минатата година. Поради ова, во 2013 година со извезени 81% од количините вино извезени во минатата година, остварен е зголемен девизен прилив за 1% споредено со 2012 година на ниво на земјите-членки на ЕУ.
Како што покажуваат податоците, на светско ниво, споредено со минатата година, забележително е зголемување на цената на виното од 9 евра по хектолитар, поради што во 2013 година со извезени 81% од количините вино извезени во минатата година, остварени се 90% од девизниот прилив во 2012 година, покажуваат податоците на Министерството.
- Особено радува фактот дека е остварена примарната цел на сите програми и мерки на Владата и на Министерството за земјоделство за зголемена промоција и препознатливост на македонско вино. Како резултат на истите, во последниве неколку години најзначајно зголемување се забележува кај извозот на вино во шишиња, при што количината на извезено вино во шише од 2005 година од над 5,5 милиони литри е тројно зголемена и достигнува количини околу 17 милиони литри.
Ова практично значи дека над 60.000 шишиња македонско вино се продаваат во светот секој ден во последните две години, а секое едно од нив е своевидна течна разгледница" за Македонија и нејзината промоција во светот, велат за Вечер од Министерството за земјоделство.
Според анализата, зголемувањето на извозот на вино во шише особено е забележително во земјите кои беа таргетирани во рамките на заедничкиот настап на македонските винарии на саемски манифестации финансиран и поддржан од страна на Министерството за земјоделство и Владата - Германија, Русија и Кина. Имено, согласно прелиминарните анализи на министерството во 2013 година споредено минатата година, извозот на вино во шишиња во овие земји бележи значителен пораст, и тоа во Германија (за 3 пати повеќе по количина и 2,8 пати по вредност), Кина (4,4 пати по количина и 3,8 пати по вредност) и Русија 3,7 пати по количина и 2,7 пати по вредност).
За пет пати зголемен извозот на вино во Германија
Според податоците на Министерството за земјоделство, освен рекордната количина и вредност на извезено вино минатата година постигната е највисока цена по единица производ во последните 10 години за вкупниот извоз на вино (наливно и во шишиња) од 56,32 евра по хектолитар. Гледано по поединечни земји, во Германија за 5 пати е зголемена количината на извезено вино во шишиња, а за 4 пати неговата вредност. Во Словенија за 4 пати е зголемена количината на извезено вино во шишиња, а за 3 пати неговата вредност.
Во Унгарија за 4 пати е зголемена и количината и вредноста на вкупно извезеното вино. Во Романија за 2,5 пати е зголемена и количината и вредноста на извезено вино во шишиња. Во Словачка за 3 пати е зголемена количината на вкупно извезено вино, а за 3,5 пати неговата вредност. Во Кина двојно е зголемена количината на вкупно извезеното вино, а за 3,6 пати неговата вредност, при што кај извезеното вино во шишиња е забележителен пораст од 10 пати по количина и 8 пати по вредност.
Во Русија за 60% е зголемена количината на вкупно извезено вина, а двојно е зголемена неговата вредност
Во Канада двојно е зголемен извозот на вино и по количина и по вредност, и во САД тројно е зголемен извозот на вино во шишиња и по количина и по вредност.